Гравитациска ламба

Тимот на „GravityLight“ создаде нешто интересно – ламба на која и треба само гравитација за да функционира. Нема штетни извори на енергија,  безбеднa e и со повеќекратна употреба.

Механиката е прилично едноставна. Светилката работи на макара систем: закачени се најмногу 11 килограми тежина. Откако тежината ќе го достигне врвот на макарата, корисникот може да ја пушти, дозволувајќи и на тежината да се спушта полека. Како што поминува кабелот, се палат LED светла. Кога тежината ќе го допре подот, процесот може да се повтори. Целиот циклус трае 20-30 минути.

Ова е всушност верзија 2.0 на „GravityLight“. Проектот објави серија тестирања минатата година, во речиси 30 земји низ целиот свет. Првичната верзија за жал не трае  долго и светлината е потпросечна.

Кампањата „Indiegogo“ за уредот досега е финансирана нешто повеќе од половина (околу 200.000 евра). Се очекува до крајот да месецот целосно да се соберат финансиите.

 

 
Поддржете ја нашата работа: