Ѓубре на врвот на светот: Монт Еверест е прекриен со пластика!

Замислете за момент дека сте го освоиле Монт Еверест. При искачување успешно сте ја поминале озлогласената “зона на смртта” и стоите на покривот на светот. Погледот од толку голема висина мора да ви го зема здивот од убавина, без бука и гужва. Реалноста сепак е малку поинаква. Магијата на видикот ја расипува ѓубре и пластика расфрлани насекаде.

Расфрлани празни конзерви и шишиња, искинати шатори и кислородни боци во сите правци. Се повеќе луѓе го искачуваат Монт Еверест, а нус производ од тоа е и загадувањето. Хималајскиот бисер не е исклучок. На несовесните луѓе сеуште не им е тешко да ги загадат тешко достапните и непристапните места ширум светот.

Овој проблем не е нов, но и натаму трае. Уште во текот на 2011 и 2012 годин, 65 планинари успеале да исчистат 8 тони ѓубре од планините кое им го дале на група уметници. Резултатите биле скулптури за подигнување на свеста и соочување на општеството со овој проблем.

Едно од навеличествените места на нашата планета и после овој потег продолжило да се богати со ѓубре. Затоа Непал во 2014 година одлучи да превземе некои чекори по ова прашање. Нивното министерство за туризам тогаш одлучи дека секој планинар мора да врати по 8 килограми ѓубре назад. Нешто свое, нешто старо.

Сепак таквите чекори очигледно немаат вродено плод.

Треба да се превземат некои трајни решенија, бидејќи туристичките планинари воглавно еколошки не се сеуште свесни и гледаат само од планината да зематв што повеќе можат, не оставајќи ништо добро позади себе освен ѓубре.

Поддржете ја нашата работа: