Замислете дека носите “еко” килоти со недели без да ги исперете. Всушност и не мора да си замислувате бидејќи таква долна облека веќе постои и има голема можност да стане хит во светот.
“Класичниот начин на купување, носење, перење и фрлање алишта е губење на ресурсите, а исто така придонесува кон загадувањето на животната средина. Нашата долна облека може да ја носите со недели, така што ќе заштедите пари и време “, објаснува 27-годишниот Мадс Фибигер, ко-основач на проектот “Organic Basics”.
Наведената данска старт-ап компанија така ја патентирала сосема новата генерација на долна облека. Во иднина можеби и нема да постои поинаква долна облека.
Во што е воопшто тајната на оваа облека која во иднина може да ги наполни нашите фиоки? Како воопшто е постигната таква текстилна формула?
Производителите за медиумите откриваат дека тајната е во материјалите. Поточно, во прашање е полимидно влакно кое е обложено со сребро и органски панук. Имено, со спојувањето на среброто со органскиот памук се добива совршена комбинација за 99% заштита од бактерии.
Во јавноста, мислењата околу овој необичен изум се поделени. Додека едни целата приказна ја гледаат како пример за една сјајна еколошка идеја, други воглавно се згрозени.
Од компанијата порачуваат дека веќе имаат продадено над 200 000 парчиња долна облека и дека единствена земја во која не се продава е Русија.