Гугл одлучи да се напојува исклучиво со обновлива енергија

Гугл веќе е најголемиот светски купувач на обновлива енергија. Минатата година, набавил 44 проценти од струјата која ја искористи од соларни и ветерни фарми. Сега, тој процент го зголемуваат на 100, а извршниот директор на компанијата вели дека не ги отфрлаат можностите да инвестираат во нуклеарна сила во иднина.

Дата центрите и канцелариите на интернет гигантот Гугл, во кои работат околу 60 илјади вработени, ќе се напојуваат исклучиво со обновлива енергија од наредната година.

„Уверени сме дека ова е добро за бизнисот, не само за екологијата. Се работи за подобри цени за нас на долг рок“, вели Марк Оман од Гугл. „Нашите основачи се убедени дека климатските промени се вистинска и итна закана, затоа мора да го извршиме нашиот дел од битката“.

Технолошките компании во изминатиот период беа доста критикувани за влијанието на загадувањето. Поради огромниот раст, сега се должни за дури два проценти од глобалната емисија на стакленички гасови, „конкурирајќи“ ѝ на авиоиндустријата.

Еман вели дека на Гугл му биле потребни пет години да ја стигне целта поставена во 2012 година, бидејќи било комплицирано да се преговара за набавување на ваквата енергија.

„Сложено е, не е за секого. Помалите компании ќе се измачуваат со документите. Купуваме струја од повеќе различни јурисдикции, па не може едноставно да се копираат договорите“, додава Оман.

enauka.mk
9,249наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,312денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.