Хабл откри огромен ореол околу галаксијата Андромеда

Темниот, скоро невидлив ореол се протега на околу милион светлосни години од својата галаксија, на половина пат до нашиот Млечен Пат. Научниците се надеваат дека овие откритија ќе им откријат нешто повеќе за еволуцијата на структурата на величенствените гигантски спирални галаксии– најчестиот вид на галаксии во универзумот.

 

„Ореолите се гасните атмосфери на галаксиите. Својствата на овие ореоли од гас ја контролираат стапката на формирање на ѕвезди во галаксиите, според моделите за формирање на галаксии“, објаснува главниот истражувач Николас Ленер од Универзитетот Нотр Дам во Индијана.


Се смета дека огромниот ореол содржи половина од масата на ѕвездите во самата галаксија Андромеда, во форма на жежок дифузен гас. Кога би можело да се види со голо око, ореолот би 100 пати поголем од дијаметарот на полна месечина на небото.

Галаксијата Андромеда се наоѓа на оддалеченост од 2,5 милиони светлосни години и изгледа како бледо вретено, со дијаметар околу 6 пати поголем од оној на полната месечина. Се смета дека е скоро близнак на нашата галаксија.

И при претходни проучувања на 44 далечни галаксии биле пронајдени ореоли слични на ова, но никогаш волку масивни во соседна галаксија. Па, од каде се појавило?

Со помош на симулации, научниците утврдиле дека ореолот се формирал истовремено со галаксијата. Тие исто така утврдиле дека содржи и други елементи потешки од водород и хелиум, а едниствениот начин на кој би можел да ги добие овие елементи е од експлозиите на ѕвездите, наречени супернови.

Што значи тоа за нашата галаксија?
Бидејќи ние живееме во внатрешноста на Млечниот Пат, научниците не можат да утврдат дали постои подеднаков ореол околу нашата галаксија. Доколку постои, ореолите од двете галаксии би биле многу блиску, скори би се допирале. Набљудувањата на Хабл укажуваат на тоа дека Млечниот Пат и Андромеда ќе се спојат и ќе формираат гигантска елиптична галаксија почнувајќи околу 4 милиони години од сега.

Наодите се објавени на 10 мај во „The Astrophysical Journal“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt