Хакери можат да ги контролираат новите возила

Експертите Чарли Милер и Крис Валасек покажуваат дека можат од далечина да ја преземат контролата над возилото, додека е во движење.

Двајцата експерти кои работат како етички хакери, биле оддалечени со километри и преку интернет навлегле во системот за контрола на навигацијата и радиото на „Џип Чироки“. На видеото се гледа како хакерите успеваат да ги оневозможат сопирачките на џипот, по што тој се лизга во ров.

Според проценките на Милер и Вaласек, околу 471.000 возила во САД се во опасност од хакирање. Тие постојано ги информирале производителите на автомобили за свoите наоди и веќе е достапен софтвер за заштита.

enauka.mk
9,244наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,762денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.