Иднината на летањето

Центарот сака да ги отстрани седиштата покрај прозорците, кои сите ги сакаат за време на долги летови. Всушност, сака да ги отстрани прозорците и наместо нив да постави OLED– екрани на допир по целата должина на авионот. Така, секој ќе има седиште покрај виртуелен прозорец.

OLED- екраните на допир ќе бидат поврзани со камери поставени на надворешната површина на авионот, со што патниците ќе имаат прекрасна глетка за време на летот. Доколку ви се здосади од погледот на синото небо, може да го подесите екранот на забавни програми или услуги од стујардесите и со неколку клика да си порачате јадење или подетално да се информирате за летот. Покрај тоа, може да ја префрлите содржината од вашиот телефон и да сурфате на интернет, а можеби и да сработите нешто.


Но, како и секоја технологија, и тука има неколку недостатоци. Што ако луѓето до вас не сакаат да го гледаат истото што и вие? А да не ја спомнуваме и болката во вратот која што може да се јави како последица на постојаното вртење на страна. Ако сте клаустрофобични – оваа нова технологија може да ви помогне – се додека не сфатите дека сте “заробени“ без никаков прозорец. А доколку се плашите од летање, поради страв од височина, ова нема да ви се допадне, особено ако компанијата одлучи да ги постави екраните и на подот!


Па, можеби еден ден ќе треба да им објаснуваме на идните деца или внуци како изгледале авионите со вистински прозорци! Погледнете го видеото!

 

Поддржете ја нашата работа:
Ви благодариме за секоја ваша поддршка и донација