“Играчките за возрасни“ содржат помалку штетни супстанци отколку играчките за деца

Секогаш бидете внимателни што ставате во уста. Играчките за возрасни имаат значително помалку опасни хемиски супстанци во нив отколку во детските играчки, се вели во новиот извештај во Шведска.

Во извештајот на Шведската агенција за хемија (SCA), се зборува за хемиската содржина на пластичните секс играчки. Имено научниците тврдат дека 1 од вкупно 44 играчки содржела забранети супстанци. Ова откритие се издвојува во однос на претходните студии од 2015 година, каде се пронајдени 15% штетни супстанци во составот на детските играчки.

Таа единствена играчка за возрасни е направена од мека ПВЦ пластика, која содржи забрането ниво на краткиот синџир од хлорирани парафини, за кои се знае дека претставуваат опасност за животната средина и се потенцијално канцерогени. Но, без паника, компанијата која стои зад таа одредена играчка сега престана да ја произведува по извршената проверка.

Бјорн Малмстрон, портпарол на (SCA), за AFP изјави дека, разликата помеѓу детските и играчките за возрасни е тоа што, детските играчки претежно се увезуваат од страна на помали компании кои имаат помалку моќ за задоволување на побарувачката. Исто така тие имаат тенденција да направат производи со хемиски состав кој е штетен и не одговара на регулативата.

Се разбира, оваа студија се базира само на одредена група на играчки купени во Шведска, а се однесува на регулативата на Европската Унија. Сепак, во однос на нивото на продажба, може да се каже дека ваквиот пазар буквално цвета.

Поддржете ја нашата работа: