Играњето тетрис помага ротив ПТСП

Играњето тетрис во болница само неколку часа после доживеана сообраќајна несреќа може да придонесе да се спречи појавата на пост-трауматското стресно пореметување (ПТСП), покажало новото истражување направено од британски и шведски научници.

Истражувањето е споведено на 71 лице, кои доживеале сообраќајна несреќа, додека чекале лекарска помош во одделенијата на итните медицински служби.

Научниците ги замолиле половината од пациентите накратко да се присетат на несреќата, а потоа да почнат да играат тетрис, една од најпопуларните видео игри, каде играчот треба да реди блокови со различна боја и форма.

Еден од симптомте на ПТСП претставува честото повторување на непријатни мисли поврзани со трауматското искуство. Обично луѓето добиваат терапија после појавата на симптомите, но досега не постои интервенција што практично ќе ги превенира повторувачките непријатни сеќавања.

Научниците од Униерзитетот Оксфорд и шведскиот Институт Каролинска утврдиле дека, после една недела пациентите кои играле тетрис доживеале значително помалку повторувачи сеќевања дневно, во однос на пациентите од контролната група.

Резултатите покажале дека играњето тетрис, во рок од шест часа после трауматското искуство го намалува бројот на мисли поврзани со непријатните случувања преку одвлекување на вниманието на мозокот од тие настан и го менува начинот на кој се меморираат потресните сеќавања.

Причината за тоа најверојатно лежи во тоа што тетрисот активира различни области во мозокот.

Ова би можело да води кон создавање на нови психијатриски третмани што би се применувале непосредно после доживеана тешка траума и да се лимитираат потенцијално сериозните ефекти врз менталното здравје.

Утврдено е дека ПТСП– еден вид на анхсиозно пореметување се јавило кај секое четврто лице кое доживеало сообраќајна несреќа.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.