Спиењето ги брише стравовите?

Основната функција на стравот е да не одржи во живот, но неретко се случува и да ни ги униши животите. Лицата кои доживеале трауматски несреќи или напади може да се прогонувани од застрашувачките спомени, а оние со фобии се измачувани од ирационални стравови.

Терапијата со изложеност, во која пациентот постојано го оживува болното сеќавање или се соочува со стравот, на крајот може да помогне да се намалат или да исчезнат симптомите, но може да биде и толку исцрпувачки што ќе доведе до прерано откажување.

Сега, тим на научници од медицинското училиште „Фајнберг“ во САД, утврди дека спиењето може да ги намали и оттргне вашите стравови.

Тимот, предводен од страна на когнитивниот невролог Катерина Хаунер, на 15 волонтери им создал „застрашувачки спомени”. Тие биле подложени на благи шокови пропратени со карактеристичен мирис, како што се лимон или каранфилче, а паралелно гледале фотографии на одредени лица. Волонтерите формирале „застрашувачки спомени“ поврзани со мирисите и фотографиите (а мерено било нивото на потта).

Додека волонтерите спиеле, тимот постојано ги активирал мирисите околу нив и забележал дека реакциите на потење стивнуваат. По будењето, реакциите на страв на фотографиите, исто така биле намалени.

Помагањето на луѓето со трауматични спомени со користењето на оваа техника ќе биде предизвик, но се очекува да ја забрза и да ја ублажи терапијата со изложеност, вели Хаунер.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt