Но, тоа не значи дека напорот за зачувување на нејзиниот вид е завршен, велат научниците. Тие очекуваат желката да положи јајца уште еднаш или два пати оваа година и во меѓувреме тие ќе се обидат повторно да ја оплодат, но претходно мора да научат нешто повеќе за репродукцијата на овој вид бидејќи репродукцијата на желките воопшто не е едноствна и вклучува органи кои се многу посложени од оние кај луѓето.
Покрај тоа, научниците треба да откријат како да ја зачуваат, замрзнат и пренесат спермата од машката желка, која исто така е 100 години стара. Доколку пронајдат начин да го направат тоа ќе можат да зачуваат генетски материјал за во иднина.
На светов има само уште четири џиновски желки од овој вид – една женска и една машка во Кина и две машки во Виетнам.