Желка со две глави и шест нозе

Мала црвеноушеста желка со две глави и шест нозе откриена е во една продавница за влекачи во Кина.

Желката е стара два до три месеци и се движи и јаде нормално. Научниците од Медицнската академија Шанси за кинеските медиуми изјавиле дека ваквата состојба кај желката е предизвикана од генетска мутација, слично како мутациите кај човекот.

Сопственикот на продавницата г-дин Вонг изјавил дека  малата желка ја открил помеѓу другите желки кои ги купил на пазар кон крајот на март.

„Сите нозе нормално се движат и сите четири очи нормолно трепкаат. Јаде како и другите желки и верувам дека е стара околу два до три месеци“– изјавил Вонг.

Црвеноушестите желки живеат од 50 до 70 години, но поради мутацијата не се знае колку ќе преживее оваа желка.

Погледнете го видеото со овој мал мутант

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.