Шегите препишани на жените – возачи веќе одамна не се интересни, и добро е познато дека тие се всушност посигурни возачи од мажите. Меѓутоа, иако се одговорни, новата студија покажува дека хормоните премногу влијаат на нивните способности позади воланот.
Не е многу поразлично ни кај мажите. На нив влијае тестостеронот, поради што се склони кон брзо и ризично возење, додека на жените влијаат естрогенот и прогестеронот при што се менува однесувањето на личноста во целина, а тоа се однесува и на возачките способности.
Ако забележите дека има денови кога паркирањето не ви оди од рака, проверете го календарот. Таквите задачи се за жените се најлесни кога естрогенот е на најниско ниво, а тоа се случува во текот на менструалниот циклус. Во тој период, жената е поостроумна бидејќи е под посилно влијание на машкиот хормон – тестостерон, кој е поврзан со подобра способност за проценка на просторот и оддалеченоста. – се заклучува во студијата, објавена во списанието „Behavioural Neuroscience“.
Од друга страна пак, паркирањето за жените претставува голем предизвик во периодот на овулација, бидејќи високото ниво на естроген го смалува нивото на тестостерон. – пишува „Daily mail“.
Една студија на Универзитетот во Торонто, покажува дека ориентацијата во просторот кај жените може да се подобри едноставно вежбајќи и играјќи игри како што е тетрис. – вели Габриела Лихтерман, експерт за хормони.
Иако според статистичките податоци мажите предизвикуваат и учествуваат во многу повеќе сообраќајни несреќи, жените во помал процент поминуваат на возачките испити.
И тоа би можело да има врска со хормоните. Во првата недела по завршувањето на менструалниот циклус, жените имаат најефикасно ниво на естроген, што ја подобрува меморијата и концентрацијата, па затоа е корисно да одбереме добар тајминг. Во тие денови растот на естрогенот кај жените ги прави пооптимистични, полни со надеж и храброст, што им помага да се справат со стресни ситуации.
































