Индивидуални методи за лечење на рак

Американски и руски научници откриле повеќе видови чести мутации во тело кое човечкиот имунолошки состав знае да ги препознае. Со помош на ова откритие ќе се обидат да развијат нова вакцина против рак.

Универзитетот во Санкт Петербург за информатички технологии, механика и оптика (ITMO) во соработка со научниците од неколку американски универзитети, направиле истражување на 1144 геномски профили на пациенти со аденокарцином и сквамоцелуларен карцином. Според класификацијата на рак, овие два типа се најчести белодробни карциноми.

До сега истражувачите сметаа дека постои поврзаност во причините кај овие две форми на рак, но оваа студија покажала дека тоа сепак е зависно од основните типови на клетки, дали мутациите ќе предизвикаат раст и делба на клетките или не.

Водечкиот автор на статијата е на пост-докторски студии на Институтот Броуд МИТ и Харвард, Џошуа Кампел. Тој истакнува дека се потребни додатни истражувања кои би одговориле на прашањето што е тоа што предизвикува мутации на гените кои во некои случаеви растат, а во други не. Треба повеќе да дознаеме за молекуларните патишта кои се важни фактори за растот на тумор, и со тоа да се подобри лекувањето – вели тој.

Истражувачите исто така откриле повеќе протеински фрагменти кои имунолошкиот состав може да ги препознае, што им овозможува да служат како маркери за препознавање и уништување на ракот.

Според некои претпоставки, лекарите ќе бидат во можност да ги третираат аденокарциномот кај 47%, и сквамоцелуларниот карцином на белите дробови кај 53% од случаевите.

Со имунотерапија се препознаваат ќелиите на туморот, што е предност на овој метод за лекување во однос на хемотерапијата. Истражувачот Антон Александров, кој работи на развојот на компјутерска програма за имунолошки истражувања, објаснува дека имунолошкиот состав е доста селективен, а ние мора да го известиме телото дека пропуштило нешто доста важно.

Клетките произведуваат мали парчиња на протеин, наречени епитопи. Имунолошкиот состав ги прегледува епитопите. Кога поради некоја причина имунолошкиот состав не е веќе во можност да го препознае епитопот, доаѓа до формирање на тумори. Најважната работа за развој на индивидуалните начини за лекување на туморот е пронаоѓање на епитопите.

 

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.