Еден од пет смртни случаи е поврзан со нездравата храна

Еден од пет смртни случаи во светот е поврзан со нездравата храна. Тоа е заклучок на една неодамна спроведена студија, објавена во стручното списание Lancet.

Единаесет милиони смртни случаи ширум светот во 2017 година се поврзани со луѓе кои јаделе храна богата со шеќери, сол и преработено месо, што допринело за срцеви заболувања, рак и дијабетес.

Истражувањето открива дека меѓу 195 испитани земји, уделот на смртни случаи, поврзан со исхраната бил најголем во Узбекистан, а најмал во Израел.

Потрошувачката на здрава храна, како што се ореви и семиња, млеко и житарки, во просек била премногу ниска, а луѓето конзумирале премногу засладени пијалоци, преработено месо и сол. Тоа довело до поврзување на секое петто лице во 2017 година со лоша исхрана.

Истражувањето Global Burden of Disease ги следело трендовите на потрошувачката на 15 прехрамбени производи во период од 1990 до 2017 година. Крис Мареј, директор на Институтот за мерење и проценка на здравје на Универзитетот во Вашингтон, кој го водел ова истражување вели дека истото го потврдува она што многумина го велат последниве години.

“Лошата исхрана е одговорна за повеќе смртни случаи отколку било кој друг ризик фактор на светот”, вели тој.

Истражувањето покажало дека поголемиот дел од луѓето јаделе само 12% од препорачаната количина на ореви и семиња и пиеле 10 пати повеќе од препорачаната количина на пијалоци богати со шеќер. Исхраната богата со шеќери, сол и лоши маснотии се познати ризик фактори за срцеви болести, мозочен удар, дијабетес и рак.

Студијата, објавена во февруари оваа година, покажала дека за идеална исхрана за луѓето да бидат здрави се смета овошјето, мешунки, ореви и семиња, како и преполовен внес на месо и шеќери.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt