Иновација што ќе ја намали употребата на пестициди до 90%

Мортен Стигард Лаурсен го развил овој процес како дел од неговиот докторат на Универзитетот во Јужна Данска. Со помош на камера поврзана со патентиран алгоритам, се овозможува да се разликува плевелот од посевите.

Лаурсен објаснува дека системот функционира на тој начин што го таргетира плевелот, наместо да ги распрскува хемикалиите преку целиот посев подеднакво.

Програмата за контрола во компјутерот е направена така што системот прска пестицид на мали обележени делови само ако камерата забележи плевел во нив. На тој начин се намалува и употребата на пестициди.

Останатите системи кои се направени претходно и работат на истиот принцип, не беа во можност да функционираат кога се соочуваа со преклопување на лисјата од растенијата. Со системот на Лаурсен овој проблем е надминат.

Следниот чекор во работата на овој проект, пред да стигне на пазарот, е да се најде камера која ќе може да го открие плевелот кога прскалката се движи со брзина од  25 км/час.

Поддржете ја нашата работа: