Со интегрална јога против депресија

Постојат се повеќе признанија дека јогата е благодет за телесното и менталното здравје. Една мала студија од Универзитетот во Бостон, покажа дека часовите по јога, два пати неделно, можат да ја намалат депресијата брагодарение на јогиското дишење.

Студијата, објавена во списанието Journal of Alternative and Complementary Medicine, опфатила 30 лица од 14 до 64 годишна возраст со дијагноза на клиничка депресија, кои не земале антидепресиви или барем не редовно во последните три месеци.

Половина од учесниците се приклучиле на часовите по интегрална јога, со 90 минутно траење, три пати неделно по 30 минутно вежбање од дома. Другата група посетувала два часа неделно во групата, а три пати вежбале од дома.

Интегралната јога се фокусира на правилно држење на телото и контрола на дишењето. Часовите по јога за оваа студија вклучувале 20 минутно бавно дишење, пет вдишувања и издишувања низ нос во минута.

По три месеци, поголемиот дел од луѓето во двете групи, почувствувале намалување на симптомите на депресија за 50 проценти. Не е изненадувачки, тоа што неколку часови неделно јога имаат посилен ефект. Научниците препорачуваат дека за значајни резултати е потребно повеќе време.

Ова е секако добра вест за лицата кои патат од депресија. Раководителот на студијата, Крис Стритер, Професор по психијатрија и неврологија на Универзитетот во Бостон, факултетот за медицина, објаснува дека оваа метода има малку нус појави и интеракција со лекови отколку лековите кои го менуваат расположението. Најчеста е жалбата само за чувствителноста на мускулите.

Лицата кои немаат бенефит од традиционалните третмани, можат да се обидат со јога, бидејќи за разлика од антидепресивите, јогата и длабокото дишење го таргетираат автономниот нервен систем, вели проф. Стритер. Доколку автономниот нервен систем е избалансиран, другиот дел од мозокот подобро функционира. Истражувањата покажуваат дека 40 отсто од лицата кои користат антидепресиви, не се опораваат целосно од болеста, што создава додатен ризик за враќање на старата состојба.

Наместо додавање на нови лекарства, јогата би можела да биде она што треба да се воведе кај лицата кои патат од депресија.

Поддржете ја нашата работа: