Кога треба да се загрижите поради фактот што премногу се грижите?

Денес навистина не ни недостасуваат работи за кои се грижиме, од лични проблеми поради сигурноста од работното место или личното здравје, до стравот од политички конфликти или природни катастрофи.

Привремената анксиозност може да биде здрав одговор на несигурност или опасност, но постојаната загриженост и нервоза се знак на генерализирано анксиозно нарушување.

Ако мислите дека ви се случува ова, доколку сакате да знаете точно за што станува збор, мора да се консултирате со лекар. Додека некои видови на анксиозност се јавуваат во одредени ситуации, генерализираното анксиозно нарушување, ГАП, карактеризира вознемиреност и нервоза за ништо одредено, односно за се. Лицата со ова пореметување се склони кон загриженост околу секојдневни работи.

Не можат да се ослободат чувства дека нешто лошо ќе се случи, и на тоа да нема да бидете спремни. Многу од нас премногу се грижат дека пропуштиле некој состанок, дека ќе ја изгубат работата или дека ќе им се случи некоја нереќа. Некои се грижат за тоа што премногу се грижат. Постојано е присутен страв дека нешто лошо ќе се случи, и тој ирационален страв ја парализира личноста и не и дава нормално да функционира.

Телесните симптоми на секој вид анксиозност се заеднички и вклучуваат забрзано чукање на срцето, сува уста, нервозен желудник, напнати мускули, потење, тремор, раздразливост. Овие телесни знаци имаат негативно влијание на севкупното телесно здравје. Анксиозните луѓе имаат поголем ризик од срцев удар и други кардиоваскуларни проблеми.

Доколку сте премногу вознемирени, когнитивно бихевиористичката терапија може да ви помогне да дознаете колку многу песимистички предвидувања имате. За некои лица, лековите се дел од терапијата.

Поддржете ја нашата работа: