„Intel“ лансираше 500 дрона за неверојатен спектакл (Видео)

„Intel“ кој од скоро влезе во бизнисот со дронови направи неверојатен спектакл со помош на 500 дронови кои беа истовремено лансирани на небото надминувајќи го нивниот предходен рекорд ( 100 дрона ) кој влезе во гинисовата книга на рекорди за неверојатни + 400.

Сите дронови се управувани од еден човек преку обичен лап топ и за разлика од предходниот подвиг со 100 дронови кога програмерите ја калкулирале поединечно патеката на движење на секој дрон, во новиот подвиг Интел користи алгоритам кој може автоматски било каква слика или скица да ја преслика со неговите дронови на небото.

Интел има посебна дозвола од властите за летање на овие дронови и неговите дронови се доста напреднати од прeтходните модели.

Масата им е намалена од 900 грама на 280 , времето на летање зголемено од 25 на 45 минути како и употреба на нов контролер со кој наместо 5 месеци подготовка може да припреми светлосен спектакл на небото за само неколку денови.

Погледнете го видеото

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt