Вулканска ерупција за прв пат снимена со дрон

Тим од научници од Универзитетите  во Бристол и Кембриџ, со дрон снимиле ерупција на вулканот Фуего во Гватемала.

Овој вулкан се наоѓа на надморска височина од 3.700 метри и еруптира на секои три до четири недели. Облаците од пепел и гас што излегуваат во атмосферата ги загрозуваат животите на околу 60.000 луѓе кои живеат во тој регион.

Дроновите им овозможиле на научниците да ја измерат температурата, влажноста и останатите термички параметри во вулканските облаци.

Ова е прва  вулканска ерупција  снимена на ваков начин.

Поддржете ја нашата работа: