“Да создадам врвен Фолксваген Буба, кој ќе ги победи другите современи автомобили на трките за забрзување” – така пред 10 години зборувал големиот обожавател на овој автомобил, Адонис. Поседувал токму таков модел на фолксваген, произведен далечната 1965 година и наскоро го започнал својот проект.
Се разбира, најпрвин серискиот мотор бил заменет со „EJ-20 боксер“, мотор од Subaru Impreza. Потоа, за дополнително зголемување на моќта, бил купен турбо-компресор, инјектори и уште неколку други делови по што неговото „чудовиште“ од 2.0 ccm ослободило 380 коњски сили.
Кога сѐ било готово, овој љубител на „фолксваген буба“, својот проект го претставил на јутјуб.
Погледнете како изгледа
Поддржете ја нашата работа: