Volkswagen ќе користи 3D печатари за производство на автомобили

Една од предностите на ваквиот начин на производство е можноста за производство на посебни делови без првобитната потреба за производство на посебни алати со кои би ги направиле истите.

HP оваа недела го претстави Metal Jet, 3D печатар за метал, чија цена изнесува околу 400 000 долари и кој би можел да го промени начинот на производството на предмети од метал во бројни индустрии.

Една од компаниите кои ги препозна напредните можности, кои ги носи печатењето нa овој начин, како што се брзината, едноставноста и ефикасноста е Volkswagen.

Германската автомобилска компанија така најави дека за масовно производство на делови за автомобили ќе се користат со технологијата на HP за печатење на метал.

Од VW велат дека нема скоро да почнат со производство на цели возила со 3D печатар, но со тек на време, ваквите уреди ќе произведуваат се повеќе делови за автомобили.

Големата предност на овој начин на производство, според шефот за технолошко планирање и развој, Мартин Геде, е можноста за производство на посебни делови без да има потреба од производство на посебни алати со кои би се направиле истите делови.

Ова нема да биде прв пат да се користат 3Д печатари за производство на делови за автомобили – досега овој начин на печатење најчесто се користеше за прототипи и за индивидуални компоненти, а Volkswagen со масовно производство на важни делови за своите автомобили би почнал за 2-3 години.

Инаку, за производство на еден автомобил на VW се користат до 8.000 делови, а во нивните фабрики веќе се користат 90 печатари за правење заменски ретки делови за возилата.

Поддржете ја нашата работа: