Според податоците на аналитичката компанија „Counterpoint Research“ iPhonе не е повеќе на тронот на најпродавани паметни телефони на кинескиот пазар.
Резултатите од анализата на најпродавани паметни телефони на кинескиот пазар за 2016 година покажува дека „Apple“ за прв пат после пет години се симнува од врвот на листата.
Новиот лидер е домашен кинески производител „Oppo“ со неговиот најпродаван мобилен уред „Oppo R9“ кој е продаден во 17 милиони примероци. Се работи за уред со 5.5 инчен AMOLED екран , „MediaTekov Helio P10“ чип , 4 GB RAM и 64 GB интерна меморија.
На второто место на листата е „Apple“ со својот „iPhone 6s“ и продадени 12 милиони уреди.
Како причина за намалената продажба се наведува дека конкурентските уреди поседуваат подобри и понови технолошки решенија, како и фактот дека „iPhone 7 Plus“ има цена што тамошните купувачи ретко кој може да си ја дозволи