Продажбата на паметни часовници и нараквици повторно расте

Пазарот на носливи уреди, има пораст од 5,5 отсто во втората половина од оваа година, во однос на истиот лански период, што значи дека се испорачани 27,9 милиони примероци.

Резултатите се брилијантни, со оглед на тоа дека постоеше уверување дека пазарот може да се соочи со недостаток на интерес на купувачи, но и поради фактот дека производителите го намалија производството или едноставно се повлекоа. Очигледно исчезна основата на таквиот песимизам.

Благодарение на компаниите како Apple, Xiaomi, Fitbit и Huawei, очигледно пазарот се разбуди и на тој бран би требало да се оди напред низ оваа година, но и подоцна. На пример, ако гледаме на растот, Huawei е несомнено водечка компанија бидејќи бележи 118,1 отсто во однос на минатата година. Конкретно, наместо испорачани 0,8 милиони уреди, испорача 1,8 милиони. Тоа е доволно за четврто место на листата на великаните.

Истовремено, на првото место и натаму е Apple поради неговиот Apple Watch. Од овие паметни часовници во втората половина на оваа година, се испорачани 4,7 милиони, што е раст од 38,4%. Воедно Apple држи 17% од пазарот. Без изненадувања, веднаш под него, со 15,1% е Xiaomi, кој минатата година испорача 3,5 милиони уреди, а оваа 4,2 милиони.

Fitbit, сепак падна за дури 21,7% и со 3,4 милиони во 2017 година на 2,7 милиони испорачани уреди. Тоа е доволно за 9,5% удел на пазарот во период од 1ви април до 30ти јуни годинава. На петтото место е Garmin, кој испорача 1,5 милиони уреди, 300 000 повеќе отколку во вториот квартал на минатата година, што е доволно за 5,3% удел на пазарот.

Како што може да заклучиме од напишаното, Samsung го нема во друштвото на најсилната петорка, а истата компанија, никако не може да ја протне својата Gear серија на пазарот во смисла на која таа сака. Како и да е, позитивно е да се знае дека овој пазар бележи раст.

Поддржете ја нашата работа: