Канадски ископувачи на злато дошле до спектакуларно откритие на мумифицирани остатоци од ирвас и млад волк, кои се целосно сочувани со ткиво и крзно.
Анализата покажала дека животните се стари најмалку 50.000 години.
Колку што е познато ова е единствениот мумифициран волк од ледено време на светот кој досега е откриен – наведува палеонтологот Грант Зазула во соопштението.
На ирвасот во целост му се сочувани предните нозе, торзото и главата, додека на волкот е сочувано целото тело. Рударот кој прв го открил пред две години во првиот момент помислил дека станува збор за остатоци од некое куче.
“Овие примероци ќе им помогнат на научниците да откријат повеќе за животните кои се движеле во областите кои денес го раздвојуваат Беринговиот проток (кој некогаш бил копнена маса). На тој начин ќе можеме и повеќе да дознаеме за тоа изгубено копно” вели Jeanie Dandys, министер за туризам од Јукон.
Had the pleasure of spending the evening with #NeilLoveless who found this mummified 50-80 thousand year old wolf pup near #DawsonCity . It’s on display there along with a mummified caribou at #DanojaZho Cultural Centre. Amazing story. pic.twitter.com/GhFLfHlhSF
— John Bailey (@YukonJohnB) September 15, 2018
Научниците ќе го анализираат крзното, но и исхраната на овие животни за попрецизно да го детектираат периодот во кој живееле, но исто така и да дојдат до нови откритија за животот во леденото време.