Работници кои работеле на брана на реката Парну, Естонија мислеле дека спасуваат куче од замрзната река не знаејќи дека, всушност, во својот автомобил ставиле див волк, пренесува Би-би-си.
Од Здружението за заштита на животните на Естонија велат дека волкот имал низок крвен притисок кога пристигнале кај ветеринарот, што објаснува зошто тој бил послушен и мирен додека луѓето го носеле во автомобилот за да го стоплат.
Ветеринарите велат дека се работи за локален млад волк, кој е на возраст од една година, познат меѓу ловците во регионот.
Поддржете ја нашата работа: