Истражувачите користат бактерија за уништување на ракот

Експерименталните третмани досега се вршени воглавно на кучиња(домашни миленици),но истражувачите се надеваат дека откриле ефикасена анти- канцер терапија за луѓето.

Употребата на бактерии во терапија на ракот не е нов концепт.Прв пат е пробана пред околу еден век. И покрај ветувачките резултати, микробната терапија се повлече пред моќните цитостатици и зрачењето.

Но денес научниците повторно ја враќаат употребата на бактериите во третман на туморите. Студијата од истражувањето е објавена во Science Translational Medicine,journal

Модифицираните спори на бактерија од почвата наречена- C.novyi ,е дирелктно вбризгана во туморите кои природно се појавуваат кај кучињата и тоа на група од 16 кучиња.

Кај три кучиња туморите потполно исчезнале во рок од 21 ден од инјектирањето на спорите. Кај други три кучиња од групата ,туморот се намалил за најмалку 30 проценти.

Во меѓувреме,кај пациентка со тумот на меко ткиво во напредна фаза кој бил проширен на стомакот,третманот со спори значително го намалил туморот во и околу коската на раката од каде што туморот првично потекнувал.

Бактеријате е модифицирана бидејќи вбризгувањето на бактеријата во целата своја снага би можело да доведе до  фатална инфекција.

Shibin Zhou е шеф на експериментална терапија на John Hopkins University of Medicine во Baltimore,Maryland

“Спорите на C.novyi опстојуваат во средина сиромашна со кислород,како што е средината на туморот.Штом се вбризгаат,спорите почнуваат да ги уништуваат клетките на туморот до кои класичните третмани  за канцер не можат да допрат”- објаснува тој.

“Кога бактеријата расте ,таа ги лишува клетките на туморот од материите со кои тие нормално се хранат.Исто така утврдивме дека бакеријата лачи ензими кои ги деструираат протеините и другите работи кои му се потребни на туморот.Што е уште поважно,микробите ќе поттикнат јак имун одговор.Имуниот систем ја напаѓа не само бактеријата туку и самите туморски клетки.”

– вели Zhou

Во експериментите со глувци,бактериската терапија покажа спор имун одговор против клетките на ракот.Ваков одговор не е сеуште не е забележан кај кучињата или луѓето.

Стаорците со тумор на мозокот после бактериската терапија преживеале 33 дена,за разлика од стаорците кои не примиле таква терапија кои преживеале 18 дена.

Zhou вели дека истражувачите се бидуваат да произведат бактерија што ќе покаже помалку несакани ефекти од инфекцијата,како и да пронајдат други микроби кои би можеле да се употребат во борба против ракот.

За да се добие посилен анти-канцер ефект можно е бактериската терапија да се користи во комбинација со хемотерапијата и зрачењето.

Поддржете ја нашата работа: