10 Староегипетски знаења кои и денес се практикуваат во медицината

СПОДЕЛИ

Древен Египет најмногу е познат по своите пирамиди, хиероглифи и мумии. Богатата култура која траела преку 3000 години, зад себе оставила многу траги кои даваат увид на таа цивилизација. Благодарение на документи и натписи, како и многу прекрасни слики, знаеме многу за животот во древен Египет.

Египќаните поради својата пракса на мумификација, научиле доста за човечкото тело и развиле напредно медицинско знаење. Со векови пред своето време, бројни методи кои ги користеле лекарите во стар Египет не им се непознати и на денешните лекари. Иако денешниот народ повеќе не користи магии и амајлии, посетата на лекар во денешно време и не е многу различна од пред повеќе од илјадници години.

10. Проверка на пулсот

Проверката на пулс денес се смета за општо знаење, но некогаш тоа го сметале за голем медицински успех. Веројатно како резултат на мумификација, античките Египќани добро го познавале циркулаторниот систем. Различно е само дека тогаш не знаеле дека срцето испумпува крв, мислеле дека станува збор за резервоар на крв. И покрај тоа, ја знаеле важноста на крвниот состав и знаеле да ја искористат за третирање на одредена болест.

9. Свртете ја главата и кашлајте

Во Папирус Еберс, медицинскиот прирачник од древниот Египет се спомнува дијагноза за кила или хернија, наведувајќе дека кај мажите при кашлање се јавува оток. Постојат и доста слики кои ја покажуваат оваа состојба. Не многу различно од денес, и тогаш се знаело што е кила и дека настанува при кревање на тешки предмети. Во Папирус Еберс е опишан и третманот кој и денес го знаеме.

8. Тампони

Многумина претпоставуваат дека тампоните се модерен изум. Вистината е дека во западниот свет, тампоните почнале да се користат неодамна, но во стариот Египет се користеле пред повеќе од илјадници години. Името Изида јазол кое ни е познато денес се однесува на божицата Изида, која според легендата користела тампон во текот на бременоста со Хорус, за да го заштити додека тој сеуште бил во утробата, од нападите на богот Сет.

7. Пломби

Кариесот всушност, бил многу редок во тоа време, бидејќи шеќерот не бил дел од нивната исхрана, но со текот на времето забите сепак станувале истрошени, бидејќи при мелење на брашното скоро секогаш останувал по некој камен, што ги оштетувал забите со шуплини и инфекции. Следејќи го Папирус Еберс пронајдени се рецепти за пломби и масти за сушење или борба против бактерии.

6. Протетика

Откриени се египетски мумии со најстари протетички експерименти. Протезите, кои заменувале делови од телото кои недостасуваат, биле многу важни за Египќаните поради повеќе причини. Една причина е египетското верување дека после смртта телото мора да биде цело и сочувано, со што е можно да влезе во задгробниот живот. Затоа мумификацијата била толку важна, и тоа го поттикнало развојот на протетиката која овозможувала телото повторно да биде цело.

5. Здравство под контрола на власта

Пристапот до здравствената заштита била строго контролирана од страна на властите. Лекарите биле образовани и оделе на пракса за време на студиите. Можеле тоа да се и мажи и жени, а се воделе според Папирус Еберс или Папирус Едвин Смит, и можеле да ја бираат својата специјалност како и денешните лекари.

4. Рецепти

Лековите се правеле од разни материјали. Од минерали како што е бак ар, глина, олово, сол, натаму растенија како што се лукот, нане, анасон и лен. Натаму, коса, кожа, крв, измет. Овие елементи биле обично комбинирани во рецептот за најдобар ефект.

3. Зарежување

Праксата на отстранување на кожичката од пенисот кај малите бебиња ја користеле и античките Египќани и од верски и од хигиенски причини. При изведувањето на овој зафат се миеле и бричеле, бидејќи биле свесни за можните инфекции.

2. Хирургија

Многу мумии покажуваат дека хирургијата во тоа време се практикувала, и тоа од трепанација до отстранување на тумор. Скалпелите биле изработени од бакар, слонова коска и обсидиан, вулканско стакло кое е пооштро и од денешен скалпел. Пациентите добивале алкохол и седативи пред почетокот на процедурата. Главен проблем бил, тоа што поради непознавање на начинот на трансфузија на крв, пациентите често се случувало да искрварат доколку при зафатот настанале компликации.

1. Опијати

Макот бил познат како средство за намалување на болката како и денес. Во минатото не било лесно да се дојде до аналгетици. Афионовото млеко често се мешало со пиво и вино. Освен во хирургијата, често е користено и за пациенти со нервни проблеми со цел да ги смири, а се користело и за лекување од депресија и анксиозност.



Дискусија

Коментари