Италијанските научници и готвачи тврдат дека создале рецепт за пица која штити од рак и срцеви заболувања.
Пицата “паскалина” или “пица која го продолжува животот” не содржи сирење и месо. Состојките вклучуваат домати, маслинки, маслиново масло, лук и лути пиперки. Овој специјалитет првично ќе се продава во текот на фестивалот за пица во Неапол.
“Оваа пица можете да ја јадете два пати неделно”, велат научниците од Националниот институт за тумор во Милано.
Здравите состојки се избрани поради тоа што го намалуваат ризикот кардиоваскуларните болести и некои видови рак на дигестивниот систем.
Пицата е направена од страна на тим на истражувачи, угостители, произведувачи на храна и консументи. Тие се надеваат дека ќе ги охрабрат луѓето да се хранат здраво и ќе им покажат дека пицата може да биде здрав оброк.
Тестото е стандардно, од бело брашно, а на него се наоѓаат шери домати, маслинки, маслиново масло, лук, чили и лиснат зеленчук. Овие здрави состојки го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања и неколку типови на рак на дигестивниот систем.
Научниците веќе долго време ја препорачуваат медитеранската исхрана, а истражувањата покажуваат дека таа помага во борбата со прекумерната телесна тежина, ракот и срцевите проблеми.
Тајната можеби лежи во ликопенот, антиоксиданс кој го има во доматите.