Човечкиот копнеж за апсолутното е бескраен. Затоа сите сакаат антибактериски производи кои тврдат дека убиваат 99,9% од бактериите.
И, всушност е дури и подобро од тоа. Според Чарлс Герба, микробиолог од Универзитетот во Аризона, реалниот процент на бактерии што се елиминираат со антибактериски средства за чистење е поблизу до 99,9999 проценти. „Некои ќе убијат уште повеќе, но потрошувачот не се грижи за 99,9999 проценти“, вели Герба, кој верува дека две децимални места е колку што просечниот потрошувач ќе разбере.
Меѓутоа, Герба не е толку згрижен за бактериите колку што е тој за вирусите. „Потребни се илјадници бактерии да имаат ефект, но потребно е само еден вирус“, објаснува тој. Поради оваа мешавина на штетни организми, повеќето антибактериски сапуни тврдат дека убиваат 99,9% од „бактерии“.
Во секој случај, џабе се грижите. Герба вели дека шансите да се разболиш од неодамно дезинфицирана површина е околу 1 од 10,000. Плус, додава тој, неочекуваните се тие кои прават најголема штета. „Побезбедно е да направите сендвич на седиштето од тоалетот отколку даска за сечење“, вели тој, објаснувајќи дека просечната даска за сечење – која често доаѓа во контакт со сурово месо и органски зеленчук од корен – е обложена во 200 пати повеќе фекална материја од седиште за тоалет.
Ако навистина сакате да се разболите, (особено деца) само допрете количка во маркет.
Значи, за сите вие гермафоби, 99,9999 проценти не се 100 проценти, но дали постои нешто што е?
































