Израелски научници најавуваат лек за целосно лекување на ракот

Еден тим на израелски научници под водство на Д-р. Илана Морада, би можел да биде близу пронаоѓање лек за целосно лекување на ракот, со тоа што како што велат, терапијата треба да е кратка, ефтина и ефикасна, без контраиндикации или барем сведени на минимум.

“Веруваме дека за една година ќе имаме комплетна терапија за лекување на ракот” – вели Дан Аридор, претседател на израелската компанија Accelerated Evolution Biotechnologies Ltd. (AEBi) најавувајќи со тоа револуционерен исчекор во борбата против тешките болести.

Лекот е наречен „Мутато“ (мулти таргет токсин), а научниците велат дека во суштина тој е на ниво на антибиотик против рак.

Според Аридор, новата формула, ќе има далеку подобар ефект од постоечките препарати, ќе спречи повторување на болеста и ќе може да се употребува против секаков вид на карцином.

„Нашиот лек ќе биде ефикасен уште од првиот ден. Третманот ќе трае неколку недели и ќе нема пропратни дејства или пак, тие ќе бидат минимално изразени. Исто така, тој ќе биде далеку поевтин од повеќето производи на пазарот“, вели Аридор потенцирајќи дека третманот ќе биде ефикасен кај секој поединец без разлика на неговата лична конституција или тип на карцином.

Соработникот на тимот, Др. Илан Морад, објаснил дека препаратот делува како антибиотик со продолжено дејство против клетките на ракот, со што се овозможува да бидат уништени и сè уште незрелите малигни единки.

„Доколку не бидат уништени сите клетки, оние кои што ќе останат може да почнат повторно да растат и болеста се повторува, но овој пат ракот ќе биде отпорен на третманот“, вели Др.Морад.

Научниците открија дека досега третманот бил успешно изведен врз лабораториски глувци, во кои биле вметнати клетки на човечки карцином, при што растот на малигното ткиво бил успешно запрен, без притоа да бидат уништени клетки на здравото ткиво.

„Нашите резултати се постојани и може да се повторат во секое време“, истакнува Аридор.

Тимот научници во 2018 година освоил Нобелова награда за својата работа на прикажување на бактериографи во насочена еволуција на нови протеини.

 

Поддржете ја нашата работа: