Јагоди против ширење на ракот на дојка

Сезоната на јагодите започнува, па не е лошо да ја пренесете оваа вест која стигнува од Италија. Јагодите покажуваат ветувачки резултати во борбата против рак на дојка, се вели во новата студија. Италијанските научници докажале дека екстракт од јагоди кај лабораториски глувци го спречува ширењето на карцином.

Се разбира авторите на студијата истакнуваат дека она што го потврдиле на глувци, не мора нужно да биде делотворно и за луѓе. Маурицио Батино, автор на студијата, вели дека без сомнеж овие резултати се важни за разбирање на потенцијалните ефекти од јагодите на карциномот на дојка и да се потврди кои молекуларни механизми се вклучени.

Тој истакнува и дека е потребно резултатите од студијата да бидат споредени со други клинички и епидемиолошки студии за конечно да се потврди дали ефектите се во целост исти и кај луѓе.

Пет недели откако на глувците им е даден екстрактот од јагоди, научниците можеле веќе да го отстранат туморот, потврдувајќи дека овој екстракт спречува ширење на канцерогени клетки во околното здраво ткиво. Батино вели и дека забележале одредено намалување на тежината и волуменот на туморот.

Иако во принцип, секое овошје е добро за здравјето, јагодите во споредба со другото овошје имаат голема количина на фолна киселина и витамин Ц. Постојат разлики помеѓу одредени видови на јагоди, велат авторите. Некои имаат појака концентрација на фенол, за што велеа и претходните истражувања, и имаат извонредни здравствени ефекти. Во оваа студија се користени јагоди од видот алба, произведени во Италија.

enauka.mk
9,244наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,762денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.