Јапонските научници го создадоа најмоќниот ласер на светот

Иако беа во можност да го одржат само еден трилионити дел од секунда, научниците велат дека имал концентрирана енергија еквивалентна на 1.000 пати од потрошувачката на енергија во светот.

Ласерскиот проектор е лоциран на Универзитетот во Осака и комбинира 4 внимателно позиционирани стаклени лампи за постојано да го засилува ласерскиот зрак како што патува по должината на уредот, кој е долг 100м. Ова им овозможило на научниците да произведат неверојатно концентрирана количина на енергија, додека потрошиле само неколку стотици џули енергија.

„Со оглед на жестоката конкуренција во светот за да се подобрат перформансите на ласерите, нашата цел е да достигнеме 10 петавати“, вели Јунџи Каванака, електроинженер на Универзитетот во Осака.

Ласер од 30 киловати може да направи дупка во автомобил на оддалеченост од околу 1,5 километри, а ласер од 40 киловати може да сруши дрон на оддалеченост од 3 километри. Па што може да направи  овој ласер кој е многу помоќен? Многумина сметаат дека би требало да може да сруши сателит или да разнесе мала планета. Но, тоа е се’ уште научна фантастика.

Овој ласер може да работи само во вакуум бидејќи го јонизира воздухот со кој доаѓа во контакт. Тоа е разликата помеѓу високо-енергетски ласер и моќен ласер. И токму поради тоа овој моќен ласер не може да се користи во вселената.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.