Јапонците отвораат школа за професионални гејмери

Школата за анимација во Токио, што е специјализирана за обука на студенти кои се надеваат дека еден ден ќе влезат во индустријата за анимација, објави на „Твитер“ дека се проширува и во областа на игрите.

Школата ќе има четири главни оддели. Еден оддел ќе обучува студенти кои имат аспирации да бидат професионални „гејмери“. Ќе ги учи како да ги зголемат своите вештини во „пукачките игри од прво лице“ (first-person shooters -FPS), стратегиите во реално време(RTS)  и во борбените игри, а ќе врши и обука за идните тим-менаџери. Вториот оддел ќе се фокусира на бизнисот со е-спортот и ќе ги учи студентите на основите на бизнисот, маркетингот  и спорт бизнисот, со цел да ги оспособи за работа во компаниите за игри,  во фирмите за маркетинг и во компаниите кои организираат разни настани, или да ги научи како да започнат сопствен бизнис на полето на видео игрите. На третиот  оддел ќе се обучуваат тие што имаат аспирации да бидат коментатори на видео игри или водители на турнири, за вештини на гласот за да „знаат како“ возбудата од видео игрите да ја „оживеат“ за публиката. Четвртиот оддел ќе ги учи студентите  за техничките работи за да можат да ги менџираат турнирите од „позади сцена“.

Е-спортот е растечка индустрија ширум светот. Поддржувачите на е-спортот тврдат дека еден ден ќе стане ривал на традиционалниот професионален спорт. Особено е популарен во Јужна Кореја каде што е втората најпосакувана професија избрана од децата и каде големите компании како „Самсунг“ и „СК-планет“ ги спонзорираат играчите. Меѓународните турнири привлекуваат огромен број фанови и публика (155 000 присуствуваа на „World Cyber Games“ во 2012 г.)

Школата може да се пофали со високо квалитетни објекти, како и персонал и професори кои се веќе професионални гејмери.

 

ЕНаука.мк e проект во кој главната движечка сила се лица со хендикеп и негови главни цели се враќање на интересот за науката и технологијата во нашите домови, институции и медиуми, како и да докаже дека вистинското место на лицата со хендикеп е во македонската наука и економија. Редовното посетување на нашиот портал, споделувањето и дискусија на интересните статии ќе овозможи одржливост на овој проект и ќе поттикне други слични идеи од кој бенефит би имало целото општество.

Поддржете ја нашата работа: