Додека растевме ние слушавме повеќе јазици во нашата околина. Некој помалку, а некој повеќе. Можеби само еден. Но, доколку некогаш сте отпатувале во светската престолнина на јазиците, вие сте биле опкружени со најмалку сто јазици во секој момент, можеби и незнаејќи.
Според организацијата “Endangered Language Alliance, ELA”, една област во САД е дом на повеќе јазици од било кое друго место на светот. Во Њу Јорк се употребуваат повеќе од 800 јазици, но округот “Квинс” е шампион на Земјата.
Само во оваа област се зборуваат 138 засебни јазици. Всушност, поголема е веројатноста да се слушнат неразбирливи јазици во Квинс, отколку во малите оддалечени места откаде што и дошле.
Областа Квинс опфаќа големина од 280 км², така што многу култури и многу јазици се спакувани во непосредна близина. Зошто толку различни јазици? За тоа е заслужен Њу Јорк, бидејќи бил прва станица за многумина кои таму доаѓаат во потрага по нов дом во Америка.
Кои јазици можете да ги слушнете во Квинс? – Ова е скратена листа која ќе ви овозможи само еден дел: грчки, филипински, индонезиски, руски, јапонски, литвански, српски, кинески, хрватски, норвешки, шпански, германски и многу други.
Тоа сепак не значи дека тамошните жители знаат по пет јазици одеднаш. Според податоците од пописот на население за 2015 година, 44% од жителите во своите домови користат англиски јазик, додека 56% користат јазик кој не е англиски.
Доколку сакате да ја збогатите својата јазична библиотека, истражувањата покажуваат дека методите на учење како што е повторувањето, може да ви биде од осебена корист за брзо да совладате одреден јазик.
После некое време, кој знае…можеби и вие ќе отпатувате за Квинс за да добиете поголема инспирација.
За љубопитноста што нè поврзува.
Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.
Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























