Се чини дека сите оние кои се обидувале да научат нов јазик или да престанат да пушат слушајќи снимки за време на спиење се на правиот пат. При нормални услови, човечкиот мозок е способен за учење на нов вокабулар во сон.
Во научната студија од швајцарскиот Универзитет во Берн, објавена во списанието Current Biology, се вели дека човечкиот мозок може да прима апсобира информации во текот на спиењето.
На учесниците во оваа студија, додека спиеле им биле пуштани снимки со неколку зборови. Еден збор секогаш бил непостоечки и измислен, додека друг секогаш бил вистински.
Ако спарувањето е претставено за време на специфичен момент, учесниците можеле да одговорат на прашањата за зборовите откако ќе се разбудат.
На пример, од учесниците било побарано да одредат дали одреден лажен збор може да се вклопи во кутија за чевли. Непостоечкиот збор “тофер” кој бил спарен со постоечки “куќа”, не може да влезе во кутија за чевли, но измислениот збор “арил”, спарен со “затворач”, сепак може.
Скенирањето на мозокот, направено во текот на тие тестови покажало невронска активност слична на онаа кај некој кој научил нов збор.
Учесниците не запамтиле ништо така сложено како што е новиот јазик, само некои измислени зборови. Сепак, ова истражување ги отфрла застарените претпоставки за мозокот и покажува колку системот во внатрешноста на нашиот череп е динамичен.