Најпогодно време за учење на странски јазици е пред спиење, но редовното повторување на наученото е од голема важност. Одговорот на прашањето се темели врз анализите спроведени од страна на “Дуолинго”, компанијата, чија апликација ја користат голем број луѓе ширум светот.
Дуолинго ги анализирале податоците и навиките за учење кај десетици илјади луѓе кои се поделиле во 14 групи, зависно од тоа кога ја користат апликацијата, односно студираат одреден јазик – рано наутро, во текот на денот, попладне, навечер, пред спиење и т.н.
Се покажало дека најдобри резултати постигнале корисниците кои учеле јазици пред спиење, помеѓу 22 и 24 часот. Оваа група постигнала најдобри резултати од сите други групи, односно се подобри од скоро 53% од просечните корисници.
Освен учењето пред спиење, за помнење и подобри резултати важен е уште еден фактор – постојаност, односно важно е да се постигне рутина и редовно да се учи. На пример, корисниците кои не ја користеле Дуолинго апликацијата постојано, туку повремено учеле, постигнувале полоши резултати, а интересен податок е тоа што најлоши резултати постигнале корисниците кои учеле цела недела, но не и во текот на викендот.
Истражувањето пак на една друга слична студија е започнато во август 2016, а конечните резултати се објавени во понеделникот во списанието Psychological Science. Тие покажале позитивен ефект на меморијата и спиењето.
Една група од испитаниците учела наутро и ја повторувала научената содржина навечер, додека друга група, истата содржина ја учеле пред спиење и ја повторувала наутро – после една недела се покажало дека групата која учела навечер запомнила многу повеќе материјал.
Резултатите од Дуолинго покажуваат слични резултати – најдобро е да се учи пред спиење и во учењето да се биде постојан, а ваквиот начин на учење, секако не се однесува само на странските јазици, туку може да се применува и генерално.