Истражувачите од Универзитетот Харвард и Институтот за технологија од Израел на креативен начин покажуваат колку е лесно за бактериите да станат отпорни на антибиотици.
Тие ја снимале бактеријата „Escherichia coli“ во петриев сад и потоа и додавале различни дози на антибиотици. Како што може да забележите во видеото, во текот на само 10 дена, колониите на бактеријата станале отпорни на се посилни и посилни антибиотици низ неколку генерации, за на крајот да ги преживеат дури и најсилните дози на лекови со кои доаѓаат во контакт.
Ова е навистина неверојатна демонстрација на тоа како се движат и колку брзо еволуираат микробите.
Истражувањето е објавено во „Science“.
































