(ВИДЕО) Како човековото тело губи топлина?

За разлика од другите цицачи, човекот не може толку ефикасно да ја сочува топлината на телото. Факт е дека ако биде изложен на ладен воздух или вода, човекот ја губи топлината многу брзо.

Во видеото на „BBC Earth“, водителот Оли Мартин ни доловува што се случува со човечкото тело кога ќе биде изложено на екстремен студ. Преку слики добиени со термална камера, може да се види како телото губи топлина кога ќе се најде надвор во зима. Црвените точки на сликите ги означуваат деловите со највисока температура, додека зелените и темните ги покажуваат деловите каде што брзо се губи топлината.

За време на снежни бури, на температури под нулата, или едноставно при ветровито време, се случуваат неколку работи кои ја „крадат“ топлината од нашето тело: испарување на водата од кожата, ако е влажна или испотена – природен процес на оддавање на топлина од телото познато како радијација; спроводливост со која телото губи топлина кога ќе дојде во допир со нешто ладно, како на пример бетонски ѕид и конвекција, или кога ветерот ја отстранува топлината од телото

Мартин користи „Selex Merlin“ термална камера, додека стои на отворено за време на снежна бура, нешто помалку од три минути и полека ја соблекува облеката. Прво, делот околу вратот останува црвен колку што е можно подолго и тоа е најтоплиот дел од неговото тело. Како што ги открива градите и продолжува кон рацете – прво екстремитетите, прстите и дланките стануваат зелени. Ако се зумира сликата, може да се забележат и темни дамки од снег кои паѓаат на неговите гради. Како што излегува топлината преку неговата кожа, темната боја почнува да се шири како болест.

Кога настанува хипотермија? Ако температурата на вашето тело се спушти од 37 на 35 степени Целзиусови, вие сте практично  во хипотермија и изложени на ризик од успорување на дишењето и работата на срцето, вртоглавица и конфузност, а сo пад на  температурата на околу 26 степени Целзиусови работата на органите почнува да престанува.

„Снимките со термалната камера сликовито прикажуваат колку студот може да биде опасен“- вели Мартин во видеото. Навистина треба да многу се внимава. Со оглед на тоа колку брзо секој сантиметар од телото губи топлина кога е изложен на студен воздух, многу е битно да се носат повеќе слоеви при секоја авантура на отворено.

Поддржете ја нашата работа: