Обрнете внимание на следните показатели:
1.Проблеми при исклучување на телефонот
Многу е важно да приметите дали се случува некаква необјаснива активност. Ако приметите дека имате проблеми при исклучувањето на телефонот, тогаш вашиот уред можеби е компромитиран. Прислушкуваните телефони значително побавно се исклучуваат, при што обично задното светлото останува вклучено дури и откако телефонот ќе се исклучи.
2. Случајни чудни активности
Како што претходно споменавме, необјаснивото однесување може да биде показател за прислушкување. Тоа вклучува различни работи, како на пр. проблеми со екранот (некакво искривување или сл.), или пак самиот телефон да си инсталира некои програми. Внимавајте, тоа може да значи дека некој друг има пристап до него.
3.Звуци во позадина или „тропкање“ додека се јавувате
Иако ова е популаризирано во филмовите, можно е да слушнете вакви звуци или ехо во позадина. Најчесто, разговорите директно се снимаат и потоа се препраќаат, па поради тоа може да слушнете чудни звуци додека зборувате.
4. Зголемено користење на интернет
Доколку некое друго лице има пристап до вашиот телефон, тоа значи дека има пристап и до сите ваши апликации и интернет пребарувачи. „Шпионските“ апликации пренесуваат информации до некоја друга локација преку интернет и тоа ќе резултира со зголемен број на преземени и испратени податоци. Тоа може лесно да го проверите со тоа што ќе се навратите на вашите детални сметки.
5. Кратко траење и загревање на батеријата
Со оглед на тоа дека оние кои сакаат да ве прислушкуваат, сакаат да имаат пристап до вашиот телефон 24/7, нивните апликации ќе работат постојано. Тоа значи дека батеријата несомнено многу брзо ќе ви се празни и загрева.
6. Кодирани текстуални пораки
Доколку забележите кодирани пораки, тоа може да значи дека некој друг има пристап до пораките што ги испраќате и ви ги испраќаат, или пак можеби „прислушкувачот“ на тој начин ви покажува дека сте прислушкувани.