Еден мал дел од луѓето со години ја буди љубопитноста кај научниците – а тоа се оние лица кои повеќе ја користат својата лева рака. Околу 10% од човечката популација се левораки, а никој не знае со сигурност зошто се толку ретки.
Најверојатно се работи за комбинација од повеќе фактори, вклучувајќи генетика, еволуција, па дури и пренатални хормони. Еве неколку интересни факти кои научниците ги идвоија при обидот подобро да ја разберат оваа појава.
1.Близнаците имаат поголема веројатност да бидат левораки, но никој не знае зошто е тоа така (извор: Behaviour Genetics, 1996)
2.Двајца родители кои се левораки имаат 26,1% шанси за дете кое исто така повеќе ќе ја користи левата рака, додека двајца родители кои повеќе ја користат десната рака имаат само 9,5% шанси за дете леворак. (извор: Handbook of Neuropsychology, 1992)
3.Повеќето животни не покажуваат знаци за доминација на едната рака. Луѓето и нашите најблиски роднини – шимпанзата се исклучоци. Околу 90% од луѓето и 70% од шимпанзата се деснораки. (извор: Monitor on Psychology, 2009)
4.За разлика од ова, папагалите покажуваат предност за користење на левите екстремитети. Едно истражување на 320 австралиски папагали покажало дека 47% преферирале да ја земаат храната со левата нога, 33% преферирале да ја користат десната, а останатите не покажувале никаква предност. (извор: Biology Letters, 2011)
5.Користењето на левата или десната рака може да се развива уште во матката. Истражувачите снимале 75 фетуси кои си го цицале палецот и откриле дека 10 години подоцна, 100% од оние кои си го цицале десниот палец биле деснораки, а 67% од оние кои се ги цицале левиот палец биле левораки. (извор: New Scientist, 2004)
6.Левата хемисфера на мозокот се смета за доминантна кога станува збор за јазици – во однос на обработување на звукот и помагање при говорот. Научниците откриле дека ова е случај кај 95% од деснораките, но само кај 70% од левораките. Кај останатите 30% или доминира десната страна, или пак ниту една. (извор: Behavioural and Brain Sciences, 2003)
7.Околу 25% од играчите во Главната лига во безбол се левораки. Ова може да се должи на фактот што тие имаат мала предност во играта, со оглед на тоа што се еден чекор поблиску до првата база. (извор: LiveScience, 2008)
8.Џими Хендрикс бил леворак, но обично свирел на гитара наменета за деснораки, само свртена наопаку со соодветни жици за да одговараат на левата рака. Се смета дека левораките се покреативни и поталентирани (музички), но науката не го поддржува овој мит. (извор: IMDb)
Прочитајте повеќе на Енаука.мк – Интересни факти за левучарите