Водата е најважната материја на Земјата и без неа животот би замрел во целсот. Кај луѓето, лишувањето од оваа материја предизвикува состојба наречена дехидрација и доколку не се третира може да доведе до смрт.
Иако повеќето луѓе имаат инстинкт да пијат вода кога нивните резерви на вода се мали, некои хендикепирани, постари или многу млади луѓе не се способни самите да се напијат вода. Од оваа причина, секој од нас треба да ги знае и да ги препознава симптомите на дехидрација, за да може да се справи со таа состојба.
Според „eMedicineHealth“, знаците и симптомите на дехидрација се движат од мали до потешки, Во малите симптоми кои укажуваат на почетокот на дехидрација спаѓаат:
- Жед
- Сува уста
- Измореност или поспаност
- Намалена урина (кај новороденчињата ова може да се претстави како само една влажна пелена за три часа)
- Потемна урина
- Главоболка
- Вртоглавица
- Малку солзи или воопшто немање солзи
- Пропаднати очи и образи
Доколку овие симптоми не се третираат, дехидрацијата може брзо да ескалира во тешка форма на дехидрација и да гги вклучува следниве симптоми:
- Сериозно намалено уринирање
- Неможност за нормално одење или стоење
- Многу низок крвен притисок
- Брзо чукање на срцето
- Слаба еластичност на кожата
- Летаргија, збунетост
Како што објаснува клиниката Мајо, дехидрацијата предизвикува слаби електролитни врски, а токму електролитите помагаат во пренесувањето на електричните сигнали помеѓу клетките. Како резултат на тоа, дехидрацијата може да доведе до неволеви контракции на мускулите, напади и кома.
Покрај тоа, дехидрацијата предизвикува волуменот на крвта во телото да се намали, што значи дека има помалку кислород во телото, што доведува до шок и на крај настанува смрт.
Прочитајте повеќе на Енаука.мк: