Опасности од дехидрација

Дехидрацијата се јавува кога се губи повеќе вода отколку што се внесува. Повраќањето, дијареата, употребата на лекови кои го зголемуваат излачувањето на урина (диуретици), профузно потење (на пример во жешките денови, особено кога е пропратено со зголемен напор) и намалениот внес на вода, доведуваат до дехидрација.

Меѓутоа, постојат и хронични форми на дехидрација кои не се јавуваат со нагла појава на интензивни симптоми како акутната форма. Хроничната форма е честа појава во денешно време и може да го погоди секој кој не пие доволно течности.

Недостатокот на вода прво го активира центарот за жед во мозокот што ги тера луѓето да пијат течности, но ако внесот е помал од губитокот на течности, дехидрацијата може да стане многу сериозна. Ова се 13 симптоми кои ви укажуваат дека не конзумирате доволно вода.

Замор и губење на енергија
Дехидрацијата на ткивата ги успорува ензимските процеси.

Прерано стареење
Телото на новороденчето содржи околу 80% вода, но тој процент опаѓа со возраста на околу 70% и продолжува да опаѓа со стареењето.

Покачување на телесната тежина и дебелеење
Јадеме повеќе можеби затоа што на телото му треба храна богата со вода. Жедта често се меша со гладта.

Висок и низок крвен притисок
Волуменот на крвта во телото не е доволен да ги исполни сите крвни садови.

Холестерол
Кога дехидрацијата ќе предизвика премногу течност да излезе од внатрешноста на клетките, организмот настојува да го спречи губитокот со зголемување на холестеролот.

Опстипација
Кога соџваканата храна ќе влезе во дебелото црево содржи многу вода за да може фецесот правилно да се формира, а ѕидот на цревата ја редуцира. Кај хроничната дехидрацијата цревата одземаат голема количина вода за да се пренесе во останатите делови од телото.

Пореметувања во варењето на храната
Кај хроничната дехидрација намалено е лачењето на дигестивнте сокови.

Гастритис, стомачни чиреви
За да ја заштити својата лигавица од штетното дејство на дигестивната киселина, стомакот лачи повеќе слуз.

Респираторни проблеми
Слузницата на дишните органи е влажна за да ги заштити дишните патишта од супстанциите што може да се присутни во вдишаниот воздух.

Кисело-алкална нерамнотежа
Успорувањето на ензимските активности предизвикува закиселување на организмот.

Егзема
На телото му е потребно доволно количество на вода за да може да излачи 500 -700 мл. пот, количество потребно да се разредат токсините за да не ја иритираат кожата.

Цистит, уринарни инфекции
Ако токсините во урината не се доволно разредени, тие ја напаѓаат уринарната слузница.

Реума
Дехидрацијата абнормално ја зголемува концентрацијата на токсините во крвта и клеточните течности, а болката се зголемува со зголемување на концентрацијата на токсините.

Поддржете ја нашата работа: