Се мислев да напишам една статија за помладата генерација и да им раскажам што значеше „Commodore 64“ за нашето време и за нашиот развој, само се мислам дека нема шанси да му доловиш на некој дека во тоа време USB-то беше научна фантастика и дека со RAM меморија од 64Кb што е за 1.000.000 пати помала од онаа што сега ја има во компјутерот на секој сериозен гејмер ние неможевме да спиеме од неверојатно чуство и играчко лудило кога ќе се вклучеше неверојатниот „Commodore 64“ кај некој роднина или другар од мало.
Можеби можам да им објаснам дека Хард дискови ( од неколку Мб ) во тоа време можеби имаше само НАСА и дека игрите и програмите за „Commodore 64“ беа снимени на касети, само незнам како да им го објаснам процесот „Штеловање главе“ што некогаш траеше и по неколку часа :)
„Commodore 64“ и неговиот Basic програмски јазик мотивираше многумина да влезат во програмерските води и можеби е најзаслужниот компјутер за развојот на многу тогаш деца а сега врвни професионалци.
RUN_
Автор: Влатко Стефаноски