Како да се спасиме од бубачките?

Bedbugs“  или тафтабити се микроскопски бубачки што живеат најчесто во душеците и се речиси неуништливи. Ултразвучните уреди на пазарот за нивно уништување немаат никаков ефект. За да биде полошо, имаат развиено отпорност на инсектицидите кои некогаш ги убивале, а дури и некои од хемикалиите да се ефективни, штетни се за човекот. Високата топлина може да е начин за уништување на бубачките, но тоа не е секогаш практично решение.

Меѓу научниците постои верување дека околу еден час изложеност на студ ги убива бубачките. Но, во новото истражување, објавено во списанието„ Economic Entomology“, се вели дека студот може да ги убие бубачките, но дури по неколку денови.

Истражувачите замрзнале тафтабити во различни фази од животот, нахранети и гладни, на различни временски интервали. Лошата вест е дека бубачките не умреле толку брзо како што се мислело, само час или два на -16 ° или -17 ° C.  Бубачките преживеале пониски температури до -25 ° C. Нo, сепак, тие не се отпорни на студот и на крајот, пронајдена е смртоносната доза- 80 часа на температура од -16 ° C.

Истражувачите советуваа: замрзнете ги потенцијалните предмети, коишто сметате дека би биле нападнати од бубачките, за да ги уништите сите скриени штетни инсекти. Тоа претставува сосема безбеден метод на контрола, барем за предметите што може да ги собере во замрзнувачот.

Контамираните предмети треба да се стават во фрижидер на -17,8 ° C, минимум 3,5 дена, иако времето може да се намали на 48 часа, доколку просечните температури се под -20 °C.

Можеби пониските температури би ги убиле бубачките многу побрзо. Можеби апаратот за гаснење пожар (-66 ° C) или течниот азот (околу -200 ° С) можат моментално да ги убијат, па се препорачуваат за оние предмети кои нема да ги собере во фрижидерот. Умрете, бубачки, умрете!

Поддржете ја нашата работа: