Може ли овој паметен кревет да ве спаси од ноќна апнеа?

СПОДЕЛИ

Sleep Number 360 е кревет кој би требало да реши голем број на проблеми кои ги имате во текот на спиењето, вклучувајќи ја и ноќната апнеа.

Компанијата Sleep Numbers во бизнисот со душеци започна со работа нудејќи алтернативни модели кои за разлика од традиционалните можат да се наместат во различни позиции.

Со моделот 360 отидоа чекор понапред и вградиле технологија која како што велат, може да реши голем прој на проблеми кои се поврзани со спиењето, вклучувајќи ја и ноќната апнеа. Како? На начин на кој сте во можност да го подигнете душекот и да го наместите на позиција која вам ви одговара, а притоа апнеата запира.

Со помош на вградените сензори вие може да ја прилагодувате положбата на вашето тело додека спиете, со што автоматски се прилагодува цврстината и удобноста на душекот. И така цела ноќ. Собраните податоци со помош на блутот се праќаат до придружната апликација, со чија помош пак можете да го следите и споредувате квалитетот на вашето спиење.

Погледнете го видеото:

Дискусија

Коментари