Како да смалите метални пари со помош на магнетно поле? – Видео

Погледнете како „Physics Girl“ во видеото што го направиле во соработка со „Arc Attack“, го прават токму тоа. Тие ја намалуваат металната паричка со помош на супер мокно магнетно поле, создадено од супер висока електрична енергија.

Процесот функционира на тој начин што кондензаторот (во основа огромен акумулатор) се полни на околу 8.000 волти, а потоа тој електрицитет како струја се спроведува низ калемот околу паричката.

Според законите на физиката, електрицитетот создава магнетно поле кое поминува паралелно со калемот и во внатрешноста на паричката. Магнетното поле создава струја што тече околу паричката, создавајќи во неа внатрешни сили кои предизвикуваат нејзино собирање. Во бакарниот калем се создаваат надворешни сили кои експлодираат создавајќи дим.

Целиот овој процес е многу опасен – струјата во бакарниот калем изнесува околу 50.000 ампери, што како што објаснува Дијана Коверн во видеото е скоро еднакво на струјата во една молња. Калемот и паричката се поставени под челична кутија за да се заштитат присутните од бакарните шрапнели што летаат наоколу.

Поддржете ја нашата работа: