Како навистина настанува хроничниот замор?

Научниците откриле дека луѓето кои патат од синдром на хроничен замор имаат зголемен број на седум одредени видови на бактерии во цревата. Откритието може да доведе до насочена дијагноза и вистински начини при лекување на болести. Синдромот на хроничен замор е болно нарушување. Заморот и другите симптоми кои се предизвикани, резултираат неспособност на лицето да учествува во секојдневните активности.

Иако болеста, често се јавува од лупус, мултиплекс склероза и некои видови карцином, не постои третман или сигурен начин за дијагностицирање на состојбата. Кај некои пациенти, најчесто кај жените трае со години. Порано се сметаше дека болеста е имагинарна, но научниците конечно ја сфатија сериозно.

Новото истражување, објавено во списанието Microbiome, открива дека лицата кои патат од синдром на хроничен замор, имаат абнормални количини на одредени цревни бактерии, чие ниво варира, зависно од степенот на сериозноста на болеста.

“Со идентификување на овие специфични бактерии и сознанието дека се вклучени во болеста, ние сме еден чекор поблиску до точната дијагноза и целните терапии”, вели лидерот на студијата Јан Липкон од Универзитетот во Колумбија.

Примероците од крв и столица на видови бактерии, се земени од 50 пациенти, и контролно од 50 здрави лица. Кај болните лица, седум цревни бактерии се покажале тесно поврзани со синдромот на хроничен замор, затоа прецизна дијагноза може да се предвиди на основа на присуството на сите седум видови во цревата.

Поддржете ја нашата работа: