Научниците од Универзитетот Колумбија развиле метод на пресметка за да го испитаат односот помеѓу месецот на раѓање и ризикот од болести. Истражувачите го користеле овој алгоритам за да ја испитаат медицинската база на податоци во Њујорк и откриле дека 55 болести се во коорелација со сезоната на раѓање.
Студијата покажува дека луѓето родени во мај имаат најмал ризик, додека оние родени во октомври имаат најголем ризик од болести.
Овие податоци можат да им помогнат на истражувачите да откриваат нови ризик фактори за болестите, вели авторот на студијата Николас Тантонети, д-р доцент по биомедицинска информатика на Медицинскиот институт на Универзитетот Колумбија.
Истражувачите планираат да ја повторат оваа студија со податоци од неколку други локации во САД и земјите во странство за да видат како варираат резултатите од неколку годишни времиња и факторите на животната средина во тие места. Со препознавањето на тоа што ги предизвикува болестите коишто се разликуваат по месецот на раѓање, истражувачите се надеваат дека ќе го премостат јазот.
Претходните истражувања за поедини болести, како што се астма и АДХД, предлагаа врска помеѓу сезоната на раѓање и зачестеноста, но не и студиите со големи размери, кои биле преземани. Ова ги мотивирало научниците од Колумбија да споредат 1688 болести и медицински истории на 1,7 милиони датуми на раѓање на пациенти лечени во универзитетската болницата во периодот помеѓу 1985 и 2013 година.
Така, тие откриле дека најголем ризик од астма имаат лицата родени во јули и октомври, од АДХД оние родени во ноември, додека најголем ризик за срцеви заболувања имаат лицата родени во март.
Оваа студија исклучила повеќе од 1600 поврзаности, а потврдила 39 кои претходно биле пријавени во медицинската литература. Исто така, биле откриени и 16 нови врски, вклучувајќи и девет видови на срцеви заболувања, најголемиот причинител на смрт во САД. Истражувачите спровеле статистички тестови за да проверат дали 55-те болести за кои ги пронашле врските, не се појавуваат случајно.
„Многу е битно да не бидеме премногу загрижени поради овие резултати, затоа што ризиците поврзани со месецот на раѓање се релативно мали во споредба со другите влијателни варијабили како што се исхраната и вежбањето“, напоменува д-р Татонет.