Комарците цицаат крв со помош на 6 различни игли

Иако особено е актуелен вирусот Зика кој го пренесуваат комарците, вистината е дека комарците пренесуваат и многу други опасни болести, што е особено загрижувачки бидејќи заканата за убод од комарец е константна помеѓу луѓето, особено оние кои живеат во одредени климатски улови.

Иако изгледа како комарците да касаат со само една игла, тие всушност имаат 6 различни игли, од кои секоја си има своја улога. Ова видео одблизу ни покажува како изгледа тоа.

Најпрво, има заштитна обвивка која се повлекува кога треба да цицаат крв. Под обвивката се наоѓаат иглите. Цицањето крв започнува со надворешниот пар игли, кои имаат мали заби кои наликуваат на пила. Женските комарци ги користат овие игли за да ја пробијат кожата и да дојдат до ткивото каде што се наоѓаат крвните садови. Следниот пар игли се користат за да го држат ткивото одвоено, додека комарецот да го пронајде крвниот сад. Тоа е всушност улогата на една од преостанатите две игли. Рецепторите ги детектираат хемиските сигнали кои ги ослободуваат крвните садови и потоа со последната игла цицаат онолку крв колку што можат да носат.

Всушност, со последната игла ја нанесуваат штетата на луѓето, бидејќи со неа инјектираат мешавина од плунката на комарецот со антикоагуланси кои го одржуваат течењето на крва и предизвикуваат отрпнатост на местото на инјектирање. Ова исто така е причината за отокот и чешањето по каснувањето.

Плунката на комарците е всушност местото каде што се кријат паразитите и вирусите, како маларија и Зика, и на овој начин всушност комарците не инфицираат.

Навистина, ова претставува неверојатно, но истовремено и застрашувачко чудо на еволуцијата.

Прочитајте повеќе на Енаука.мк

– Како не пронаоѓаат комарците?

-9 опасни болести кои се пренесваат преку комарци

Поддржете ја нашата работа: